КФОР ги тргна барикадите и се повлече

Од:

Ситуацијата на северно Косово е мирна откако силите на КФОР се повлекоа од мостот кај Рударе и патот кон Лепосавиќ е сега преоден.

Последните информации се дека во денешниот судир на локалното српско население и силите на КФОР повредени се четворица Срби и двајца германски војници.

http://www.youtube.com/watch?v=rmbdW6NjfOI

Ситуацијата на Косово се смири еден час после пладне, но претставниците на Србите одлучија повторно да се постават барикади.

Барикадите на магистралниот пат на јужниот дел на Косовска Митровица се отстранети со тешка механизација на КФОР.

Цело село Рударе е блокирано, граѓаните се во своите куќи, а хеликоптерите на КФОР постојано надлетуваат и исфрлаат инфрацрвени мамци, за да се спречи можен напад со ракети земја-воздух.

Србите во меѓувреме одржаа состанок и донеле одлука повторно да се блокира движењето на КФОР и на сите меѓународни мисии.

Во судирот на КФОР со локалните Срби повредени се најмалку тројца Срби и двајца војници на КФОР. Од болницата во Косовска Митровица информираат дека еден од Србите е повреден со боева муниција во натколеницата, друг дека е погоден со гумен куршум во стомакот, а третиот е примен со повреди на главата.

[nggallery id=61]

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина