Србите од северот на Косово не сакаат директен разговор со Приштина

Од:

Политичките претставници на Србите од северот на Косово денеска оценија дека изјавата на советникот на косовската претседателка Рамуш Тахири дека српските структури на власта на северот на Косово се легитимни, е само обид да се избегнат разговорите со претставници на владата на Србија за статусот на Косово.

Претседателите на четири општини од северот на Косово и началникот на Косовско-митровачкиот округ во заедничко соопштение наведуваат дека изјавата на советникот на косовската претседателка претставува обид решавањето на статусот на северот на земјата да се претстави како внатрешно прашање на Косово.

Тие истакнуваат дека никогаш не биле против разговори, но дека во тие разговори можат да учествуваат само како дел од тимот на владата на Република Србија, без чие учество, како што наведуваат, досега не се постигна и нема да биде можно да се постигне трајно решение за статусот на Косово.

Претставниците на општините Зубин Поток, Косовска Митровица, Звечан и Лепосавиќ и началникот на Косовско-митровачкиот округ на овој начин реагираа на изјавата на советникот Тахири, кој денеска изјави дека на северот на Косово нема косовски институции, па српските структури на власта, без разлика што ги нарекуваат парлалелни институциии, сепак се легитимни бидејќи се избрани од страна на народот кој таму живее.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија