Србите од Косово задоволни од „одлучноста и единството“ на српската делагација во Брисел

Од:

Српските општински советници од Северно Косово, кои денеска имаа седница во Лепосович, ги поздравија „одлучноста и единството на државното раководство на Србија“, покажани на осмата рунда од дијалогот со Приштина во Брисел.

Oпштинските советници од четирите општини во Северно Косово истакнаа го поздравуваат неприфаќањето на нови уцени, понижувања и условувања од страна на дел од меѓународната заедница.

Тие наведуваат дека сега е време Уставниот суд да донесе одлука за уставноста на досега постигнатите бриселски договори.

Тие повторија дека резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации е во силаи и единствен легелан акт. Тие бараат ЕУЛЕКС да биде заменет со УНМИК, а преговарачкиот процес да се врати под патронат на СБ на ОН.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски