Србите му веруваат на УНМИК, порача Дачиќ на средбата со Бан Ки-мун

Од:

Претседателот на Владата на Србија Ивица Дачиќ разговараше со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, при што двајцата ги осудиле случувањата со манастирот Високи Дечани и оценија оти мора да продолжи политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина.

Дачиќ, кој престојува во повеќедневна посета на САД, ја нагласи важноста на присуството на ОН на Косово, истакнувајќи дека Србите на Косово најмногу му веруваат на УНМИК, јави Танјуг.

– Заеднички ја истакнавме важноста на присуството на ОН на Косово и Метохија и уште еднаш му повторив дека Србија најмногу и верува и можеби единствено и верува на мисијата на ОН на Косово и оти затоа со големо негодување ги следиме најавите за можно намалување на нејзините надлежности, рече Дачиќ.

Тој синоќа истакна дека во разговорот е заклучено оти се што се случувало во рамки на политичкиот процес мора да биде статусно неутрално, дека мора да биде во согласност со резолуцијата 1244 и оти Бан стои на располагање ОН да бидат што е можно поприсутни преку претставникот на Косово.

Дачиќ претходно се сретна и со американскиот заменик-државен секретар Вилијам Барнс, кој изразил трајна поддршка за европската иднина на Србија.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ