Србите го блокираа судот во Косовска Митровица

Од:

 Косовските Срби утринава, пред седум часот, го блокираа влезот во Основниот суд во северниот дел на Косовска Митровица, каде денеска треба да се донесе пресуда за шестмината Срби осомничени за мартовските немири во овој град од 2008 година.

Јаки полициски сили на Еулекс, кои пред 7 часот пристигнаа пред зградата на судот, не можеа да влезат во него бидејќи Србите ги оневозможија во намерата.

По краткото задржување тие се вратија назад во правецот од кој дојдоа.

Во градот се слушнаа сирени за узбуна, што беа своевиден повик за граѓаните за собирање, а двете капии што водат кон Основниот суд во Косовска Митровица се блокирани од тешка механизација, еден багер и неколку камиони, што се препречени на патот.

Граѓаните и натаму се собираат пред зградата на судот, а со нив е и општинското раководство и началникот на округот Раденко Недељковиќ.

Шестмината Митровчани се осомничени за учество во мартовските немири од 2008 година, а на товар им се ставаат најмалку 20 кривични дела. Осомничените се товарат за нелегално заземање на судот во северниот дел на Косовска Митровица, повик на отпор, попречување на службено лице во вршењето на службена должност, учество во толпа што врши кривично дело, загрозување на ОН и придружниот персонал.

Случајот е поврзан со мартовските настани од 2008 година, кога дојде до затворање на судот откако имаше судир меѓу меѓународните сили и Србите.

Во текот на инцидентите што следеа загина еден украински полицаец, а беа повредени 64 полицајци на УНМИК, 24 припадници на КФОР и околу стотина српски демонстранти.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина