Србите од северот на Косово денеска ги блокираа патните правци кон административните премини на северот на Косово, Јариње и Брњак, за да го спречат доаѓањето на косовските цариници на тие премини.
На патот Косовска Митровица-Рашка кај местото Рударе граѓаните со бетонски коцки го бликираа патот кок Јариње. Сообраќајот таму се овдива забавено, а луѓето на блокадите дозволуваат само поминување на цивилни возила, како и на возилата на Еулекс и КФОР.
Според насобраните луѓе, поминувањето на косовските цариници нема да биде дозволено.
Србите од северот на Косово велат дека со доаѓањето на косовските цариници ќе почне наплата на давачки и на премините Јариње и Брњак. Тие наведуваат дека не сакаат да и плаќаат давачки на Приштина, туку сакаат да се вратат во системот на Србија.