Од октомври висината на платите и на лекарите во Србија ќе зависи од учинок и од квалитетот на лекување. Но, според новиот модел, нема да има казни, платата е загарантирана, а само најдобрите ќе можат да сметаат на зголемување на платата што минимално ќе биде 2 проценти.
Од српското министерството за здравство најавија дека ќе се применува капитационата формула што значи дека ни на еден лекар нема да му биде намалена платата, но процентот на зголемување ќе биде условен единствено од квалитетот на работа.
Целта со измените е пацинетот да биде во фокусот , а ќе се формира и мешовита работна група составена од претставници на министерството и на синдикатот кои ќе го следат применувањето на овие мерки.