За неполна недела, два пати се украдени пари од храмот Св. Козма и Дамјан, кој се наоѓа на влезот во кругот на ваљевската болница, соопшти денеска Медицинскиот центар Ваљево.
На сајтот на Медицинскиот центар е објавено дека кражбите се случиле од 22 и 27-ми март и дека парите се украдени од икони, кои што верниците ги оставаат во цркавата.
Од храмот соопштија дека засега ќе биде затворен.
-Црквата ќе биде отворена само за одржување на редовни и најавени богослужби- стои во соопштението на Здравствениот центар.
Елена Георгиевска