Србија укинува 30.000 работни места

Од:

Србија, до крајот на годината, во јавните служби би требала да има околу 30.000 помалку вработени како резултат на двогодишната рационализација, соопшти српската министерка за државна управа и локална самоуправа Кори Удовички.

– Рационализацијата трае веќе две години, бидејќи во сила е забраната за вработување (во јавна служба). До крајот на оваа година ќе имаме околу 30.000 помалку вработени во државната служба. Значи, помалку од оние кои работат во областа на културата, образованието, здравството, во она што се нарекува држава, а не јавни претпријатија, објасни Удовички за РТС.

Локалните управи ширум Србија ќе добијат од Министерството квоти со максимален број вработени кои можат да ги имаат, а за отпремнини во буџетот се обезбедени околу 42 милиони евра.

Удоивички најави дека со рационализацијата во јавните служби ќе се почне кон средината на септември, а после првиот круг ќе се анализара во кои сектори недостасуваат кадри.

Таа најави дека поради недостигот на лекари, новите вработувања во здравството ќе почнат кон крајот на годината.

Удовички најави и укинување на одделни државни агенции и спојување на оние кои се занимаваат со сродна проблематика во една агенција.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ