Учениците од трета година од гимназијата во Куршумлија, наместо да поправат оцени, фрлиле неколку школски дневници во реката Топлица.
Средношколците К.М, Б.Н и М.Д направиле многу поголем проблем, за себе но и за остананите ученици.
Најпрвин лошите оцени ги поправале, но од страв да не ги приметат пред десетина дена украле два дневника од училиштето и ги фрлиле во река.
Двајца од сторителите се избркани од училиштето а против еден е започната дисциплинска постапка, соопшти директорката на гимназијата Љиљана Милојковиќ.
-За 32 години колку што работам во ова училиште, ова е втор случај, да се случи нешто вакво. Сторителите многу бргу се откриени – истакна таа.
Елена Георгиевска