Србија: Штетата од афлатоксинот изнесува стотици милиони евра

Од:

Штетата од зголемената концентрација на афлатоксин во млеко и пченка во Србија изнесува неколку стотици милиони евра, бидејќи на време не се преземени мерки, оценки поранешниот министер за земјоделство, Горан Живков.

Тој додаде дека афлатоксинот со децении е познат во Србија и дека го изненадува тоа што мувлосаната пченка, по бербата не е складирана во соодветни силоси.

-Проблемот со афлатоксонот е со големо доцнење, бидејќи првите мерки за заштита требаше да преземат уште во септември минатата година. Да се реагираше во октомври, штетата би била милион евра, во декември десет милиони а денес ќе чини стотици милиони – смета Живков.

Според неговите зборови дел од вината сносат и млекарниците бидејќи се претпоставува дека го имаат ХАЧП стандард, кој предвидува критични точки во производството и прашање е дали како една од критичните точки ја предвиделе и зголемената концентрација на афлатоксин во млекото.

-Министерството за земјоделство сега прави се што е по закон, но штетата веќе е направена, затоа што мерките не се преземени на време – истакна тој.

Додаде дека не може на граѓаните да им упати препорака за употреба на храна, бидејќи тоа е работа на државните институции.

Државниот секретар во министерството за земјоделство, Данило Голубовиќ изјави дека се преземаат мерки за да се заштити здравјето на луѓето.

Тој истакна дека пропистите за дозволената концентрација на афлатоксин во млекото е до 0,05 микрограми по килоград, кој го применуваат во Србија, и само земјите членки на Европската унија и Јужна Африка, додека во САД и останатите земји таа граница е до 0,5 микрограми.

-Одлуката за поостри прописи за дозволеното ниво на афлатоксин ЕУ ја донесе, со цел да се заштити од увозот на пченка од САД, бидејќи таму пченката не се суши – изјави Голубовиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ