Србија: Секое трето млеко е според стандардите на ЕУ

Од:

Од референтната лабораторија од Холандија, во Србија пристигнаа резултатите од супер-анализата на примероци од млеко. Само 15 од 48 примероци не содржат афлатоксин М1, со вредност поголема од дозволената во ЕУ.

Министерството за земојделство, шумарство и водостопанство го доби извештајот од лабораторијата „RIKILT Wageningen“.

-Единствена референтна лабораторија во ЕУ, во својот извештај наведува дека 31,25 проценти од примероците од млекото, не содржат афлатоксин, со вредност поголема од дозволената во ЕУ. Ниту еден примерок не содржи афлатоксин со вредност поголема од дозволената во Србија – наведе министерството за земојделство.

Од институцијата не наведоа кои млека ги пратиле на супер-анализа, па граѓаните останаа без информација дали пред три недели купувале контаминирано млеко.

-Млекото за кое анализата утврди дека одговара на стандардите на ЕУ ќе биде вратено во продажба, додека останатото ќе се уништи согласно со законот, изјавија од министерството.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ