Србија: Подготовка за нова рунда на преговори

Од:

Државниот врв на Србија денес одржа состанок по повод дијалогот помеѓу Белград и Приштина, кој треба да продолжи идната недела во Брисел.

Советникот на претседателот на Србија, Марко Ѓуриќ по состанокот изјави дека Србија подготвува решение за прашањата за надлежностите на заедницата, на српските општини.

-Србија нема да се откаже од утврдување на надлежности на заедницата на српските општини на Косово, механизам на нивно спроведување, дефинирање на односите на заедниците со косовските институции, како и утврдување на улогата во правосудство и полицијата и положбата на црквите, изјави Ѓуриќ.

Пред продолжување на дијалогот во Брисел на 2-ри април, тој изјави дека документите кои што беа во опција во текот на претходните две рунди на преговори, не содржеа минимум кој би бил прифатлив за Србија.

По состанокот кај претседателот на Србија, кој траеше околу час и половина, Ѓуриќ на прашањето дали ќе се постигне договор до 16-ти април и извештајот на Европската комисија, одговори дека српската делегација нема да дозволи што било да ја ослабне нејзината преговарачка позиција.
Србија ќе остане посветена на дијалогот, а текот на преговорите ќе зависат од флексибилноста на Приштина.

-Постојат одредени потешкотии кога е во прашање подготвеноста на Приштина да излезе во пресрет на компромисот. Од самиот почеток истакнувавме дека нашата страна иако има разработен предлог во сите области од животот кога е во прашање уредувањето на односите помеѓу Белград и Приштина, не тргнува од основните претпоставки дека сите наши барања мора да бидат исполнети – истакна Ѓуриќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ