Србија: Парадата на гордоста закажана за 31-ви мај

Од:

Тимот за односи со јавност на српската влада соопшти дека Парадата на гордоста во Белград ќе се одржи на 31-ви мај, идната година.

Како што е соопштено „Неделата на гордоста 2014“ ќе се одржи од 25-ти до 30-ти мај, идната година, а протесниот марш е закажан за 31-ви мај.

-Човековите права не треба да бидат дел од политички калкулации и манипулации. ЛГБТ заедницата е одлучна да се бори за своите права, бидејќи само преку почитување на сите малцински групи може да има почитување на правата на сите граѓани на Србија-стои во соопштението.

Од 2009 година активистите на ЛГБТ заедницата настојуваат во Белград да се одржи Парадата на гордоста.

Во 2010 година и покрај тоа што парадата беше под покровителство на државата резултираше со насилство и нереди, што предизвика да се зголеми негативната слика за оваа заедница во Србија.
Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ