Србија: Не плаќале струја 66 години

Од:

Семејството Станисављевиќ од лесковачкото село Доње Крајинце, дури од 1948 година не плаќа сметки за струја.

Велат дека тоа е компензација за земјиштето кое што го отстапиле за изградба на трафостаница во нивниот двор, од која струја добиваат повеќе од 2.500 жители во три села.

Прва сметка за струја добиле во 2004 година и од тогаш на лесковачката „Електродистрибуција“ и должат повеќе од 1,7 милиони динари, кои семејствоти нема намера да ги плати.

Во меѓувреме надлежните повеле спор против Југослав и неговата мајка Гордана, а пред два дена инкасаторите им ја прекинале струјата, така што семејството во кое има и три деца останало во мрак, пишува српски „Блиц“.

– Ќе се качам на трафостаницата ќе ги исечам сите жици и ќе ги оставам трите села во мрак, но нема да ја платам струјата. Сметам дека лесковачката „Електродистрибуција“ го прекрши договорот кој тогашните власти го постигнаа со мојот покоен татко Светозар. Поради таа трафостаница детството ми помина во страв, а сега и на моите деца, изјави Југослав.

Портпаролот на „Електродистибуција“, Небојша Станковиќ вели дека не постои никаков пишан траг за документ од 1948 година.

-Тужбата е поднесена во 2010 година за долг од 1,6 милиони динари, а последен пат се исклучени за неплатени сметки од над 100.000 динари. Претпоставуваме дека имало договор, но тоа е тешко да се докаже, оценува Станковиќ, кој наведува дека семејството месечно трошело струја во износ од 10.000 динари.

Семејството Станисављевиќ на судот се повикува токму на тој договор.

-Чекаме вештачење. Проблем е што договорот го нема, што тие години се договарало на постпартизански начин, вели Саша Момчиловиќ, застапник на семејството.

Според „Блиц“ Југослав вели дека како крајна мерка, ќе бара дислокација на трафостаницата.

-Нека ја носат каде сакаат и знаат, си го сакам назад своето парче двор и семејниот мир – нагласува тој.

Некои правници сметаат дека Станисављевиќ го изгубил правото на земјиштето.

-Доколку вредноста на објектот е поголема од земјиштето на кое тој е изграден, по 20 години станува сопственост на државата, секако доколку со договор тоа не е поинаку дефинирано- објаснува адвокатката Јована Вучковиќ Пејчиќ.

Мајката на Југослав, Гордана Станисављевиќ пак тврди дека нејзиниот покоен сопруг бил принуден да го отстапи земјиштето и дека со месеци го убедувале тогашните власти.

-Умираше во страв да не се случи некоја неволја кога ќе загрмеше. Неплаќањето месечна сметка од 5.000 динари е кирија која не е висока за државата, вели таа.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ