Според пишувањето на српски „Блиц“, во тек е акција на припадници на Управата за криминалистичка полиција, за приведување на Небојша Јањиќ, помошник на поранешниот министер за животна средина на и просторно планирање, Оливер Дулиќ.
Исто така ќе биде приведен и сопственикот и директор на Стопанското претпријатие „МБ Гас“, Миле Брежанчиќ. Двајцата се осомничени за примање и давање мито и злоупотреба на службената должност.
Јањиќ во октомври минатата година, беше приведен и сослушан, во исто време кога беа приведени и Дулиќ и директорот на „Патишта Србија“, Зоран Дробњак.
Сите се осомничени за кривично дело „злоупотреба на службената положба“, во врска со издавање дозволи на словенечката фирма „Нуба инвест“, за поставување оптички кабли.
Елена Георгиевска