Српската влада донесе нова уредба за субвенционирање на возила, од мотоцикли до автомобили. Новите стимулации се однесуваат на набавка на нови еколошки, електрични и хибридни возила, а право на пари имаат физичките и правните лица, како и претприемачите.
Висината на субвенцијата ќе зависи од типот на возилото, а износите се движат од 250 евра до 5.000 евра.
Уредбата дефинира субвенции за пет категории возила: мопеди и лесни трицикли, мотоцикли, патнички возила со максимум девет седишта, потоа возила М1 и N1 кои возат хибриден погон и возила М1 и N1 кои возат хибриден погон со најмалку еден мотор со внатрешно согорување еден електромотор.
Барањата за субвенции може да се поднесуваат до Министерството за заштита на животната средина до 31 октомври 2022 година.