Србија ја одбележува 23-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО

Од:

Србија денеска ја одбележува 23-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз тогашна СР Југославија во 1999 година со серија комеморативни собири, кои започнаа по неуспешните преговори за завршување на конфликтот и за решавање на кризата во Косово, јави Хина.

НАТО и меѓународната заедница како причина за воената интервенција во СРЈ ја наведоа хуманитарната катастрофа предизвикана од конфликтот во Косово, обвинувајќи го режимот на Слободан Милошевиќ, воените и полициските сили и паравоените единици за прогон и убивање на косовските Албанци.

Наредбата за напад, во која беа вклучени 19 западни земји, беше издадена од тогашниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, без одобрение од Советот за безбедност на ОН, што се смета за преседан во историјата на Светската организација, што е во спротивност со Повелбата на ОН и меѓународното право, наведува Хина.

Србија официјално ги нарекува воздушните напади на НАТО кои траеја повеќе од два и пол месеци „НАТО агресија“. Според официјалните податоци, за време на бомбардирањето на воени и цивилни цели и инфраструктура во Србија и Црна Гора, загинале околу 2.500 луѓе, повеќе од 12.500 биле ранети, а 1.008 припадници на армијата и полицијата биле убиени или исчезнати. Со уништувањето на инфраструктурата причинета е штета од десетици милијарди долари.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва ќе зборува на централната државна церемонија на Денот на сеќавање на жртвите на НАТО во Краљево.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ