Србија и Франција потпишаа 12 документи за соработка, меѓу кои и договорот за набавка на авиони „Рафал“

Од:

Во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на претседателот на Франција, Емануел Макрон, во Палатата Србија беа разменети 12 потпишани документи за соработка меѓу двете земји во повеќе области, меѓу кои и договорот за набавка на авиони „Рафал“, како и други стоки и услуги.

Договорот за набавка на авионите „Рафал“ и придружните стоки и услуги го потпишаа министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ и Ерик Трапије, извршен директор на компанијата „Дасо“.

Во обраќањето што следуваше, претседателот Вучиќ рече дека вкупната вредност на договорот е 2,7 милијарди, а се работи за набавка на 12 сосема нови авиони кои ќе бидат во сопственост на Република Србија, а вклучува комплетен логистички пакет.

„Тоа значително ќе придонесе за зголемување на оперативните способности на нашата армија, сосема поинаков пристап и ние сме среќни и му благодариме на претседателот на Франција што донесе таква одлука, што ни дозволи да купиме нови авиони“ изјави Вучиќ.

Вучиќ оцени дека „добро е направено и на комерцијално ниво“.

Инаку, Србија и Франција постигнаа договор за купување на борбени авиони Рафал во април за време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Париз и средбата со Макрон.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз