На територијата на Србија досега се евакуирани 31.873 лица од загрозените подрачја, поплавени се 2.260 објекти, а загрозени се уште 1.763, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи на Србија.
Досега се ангажирани 3.564 пожарникари-спасувачи, 847 возила, 429 пумпи и 141 чамец.
Припадниците на спасувачките единици евакуирале 7.450 лица, а спасиле 4.713.
Од подрачјето на Обреновац досега се евидентирани 24.000 евакуирани лица.
Евакуацијата продолжува, а на загрозените жители се доставува вода, храна и други неопходни средства.