Русија и одобри кредит од 500 милиони долари на Србија, од кој првата транша во висина од 300 милиони долари ќе биде доставена во најбрзо време, а втората откако Србија ќе склучи договор за стабилизација со Меѓународниот монетарен фонд, соопшти рускиот министер за финансии Антон Силуанов.
Белград е во особено тешка финансиска состојба и имаше итна потреба од кредит, за да го пополни буџетскиот дефицит, кој веќе е 3.6% од националното производство. Во последната година српската економија се намалила со 1.7% поради ефектот на должничката криза во еврозоната.
Во јануари рускиот министер за финансии Антон Силуанов рече дека Србија ја замолила Русија за заем од 1 милијарда долари, што не е јасна причината за доделување на само половина износ.
Кредитот ќе биде за период од 10 години со 2 години грејс период и каматна стапка од 3.5%, изјави Динкиќ, додавајќи дека ќе препорача на Владата да го прифати предлогот за да може договорот да биде потпишан уште следниот вторник во Москва. Претходно министерот појасни дека ќе се согласи на нов заем од Русија само ако тој нуди поволни услови од продадените пред два месеци еврообврзници со стапка од 5.15%.