Денеска во Србија со положување цвеќе и венци и оддавање почит на жрвтите ќе биде одбележана 14-годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на тогашната Сојузна Република Југославија, јави Танјуг.
Според различно оценки во бомбардираањата во период од 79 дена убиени се меѓу 1.200 и 2.500 лица, а повредени се над 12.500 луѓе, додека предизвикана е материјална штета во вредност од 100 милијарди долари.
Бомбардирањето започна во 19 часот и 45 минути на 24 март 1999 година над различни региони во Србија и Црна Гора, а последниот напад е извршен на 10 јуни во 13 част и 15 минути, недалеку од Косовска Каменица, наведува весникот „Блиц“.
Непосреден повод за почеток на операцијата „Милосрден ангел“ беше случајот во селото Рачак, каде на 15 јануари 1999 година раководителот на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Косово Вилијам Вокер објави дека се пронајдени 45 тела на убиени цивили Албанци. Според српските власти убиените од српската полиција биле членови на терористичката Армија за ослободување на Косово.
Бомбардирањето заврши на 19 јуни 1999 година со потпишување на Косовскиот договор и усвојувањето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Во овие акти беше предвидено повлекување на југословенската армија од Косово, каде беа распоредени меѓународни воени сили.
Во 2008 година Косово прогласи независност, што Србија се уште не ја признава. Во Брисел, под покровителство на ЕУ, се водат преговори меѓу Белград и Приштина за надминување на недоразбирањата.