Спираки: Кина одбила барање на грчка компанија за употребата на терминот „македонско“

Од:

Кина, на 23 минатиот месец, одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско“, со образложение дека потребна е дозвола за употреба од соседната земја, откри Мариа Спираки, портпаролката на грчката опозициска партија Нова демократија, на брифингот со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

-Без да го откриеме името на бизнисот, ве известувам дека од страна на Кина, постои отфрлено барање на грчка компанија за користење на терминот „македонски” за нејзините производи, со образложение дека не може да се користи без дозвола од соседната земја. Отфрлањето е со датум 23 февруари 2019, рече Спираки.

Портпаролката на Нова демократија, конкретниот пример го спомена во контекст на посетата на Ципрас на Скопје, а говорејќи за трговските ознаки коментираше дека „грчките бизниси веќе ја плаќаат цената од штетниот договор“.

-Со Договорот од Преспа, владата ги остави за три години нерешени прашањата за трговските имиња, трговските ознаки и за имињата за производите од нашата Македонија, рече Спираки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он