Специјалниот советник на Стејт Департментот Дерек Шоле нема да ја посети БиХ, причините за откажувањето не се соопштени

Од:

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, нема да ја посети Босна и Херцеговина како што беше претходно најавено.

На почетокот на декември 2022 година Шоле планираше да ги посети Северна Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Белгија, но посетата беше откажана поради тоа што американскиот дипломат бил заразен со коронавирусот.

Стејт департментот сега соопшти дека Шоле ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, Северна Македонија, Србија и Косово.

Претходно беше најавено дека Шоле ќе ја посети и БиХ, каде требаше да се сретне со членовите на Претседателството за да им ја пренесе „американската поддршка за продолжување на напорите за создавање функционална, одржлива, мултиетничка држава“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски