Спасувачка акција по превртен чамец во близина на грчкиот остров Самос

Од:

Четири лица се спасени, а во тек е акција на крајбрежната служба на Грција во морскиот дел јужно од грчкиот остров Самос за пронаоѓање на уште осум мигранти, откако се превртел чамецот со кој се пренесувале, јави дописничката на МИА од Атина.

Акцијата, според крајбрежната служба, започнала откако биле информирани од рибарски чамец дека пронашла две лица во конкретниот морски дел.

Двајцата спасени биле пренесени во општата болница на Самос, а изјавиле дека во чамецот што се превртил имало уште десет лица.

Дополнително, бродот на Фронтекс пронашол и спасил уште двајца мигранти кои исто така ќе бидат пренесени во болница.

Во потрагата што е во тек, вклучени се три патролни бродови на крајбрежната служба, еден брод и еден авион на Фронтекс, хеликоптер Супер пума на военото воздухопловство, како и бродови што се наоѓаат во близина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина