Советот за безбедност вечерва расправа за Косово

Од:

Советот за брзбедност на ОН на затворена седница има консултации за UNMIK, пишува на сајтот на светската организација. Седницата почна во 21.00 часот по средноевропско време.

Српските медиуми пренесуваат дека теми се убиството на двајцата Срби и притисокот врз повратниците од српска националност.

Руски дипломатски извори наведуваат дека ќе се расправа и за состојбата на Косово и неодамнешната посета на сириските бунтовници. Се наведува дека според извештаите на Министерството за надворешни работи на Русија, имало индиции дека сириските бунтовници се обуќуваат на Косово, кај некогашните припадници на УЧК, „создавајќи база на меѓународен тероризам“.

Русија најави дека ќе ја изнесе сериозната загриженост за можноста борци од Сирија и Либија да вежбаат на Косово. Според руските извештаи за возврат Триполи треба да ја признае независноста на Косово, а истото како опција останува и за Сирија доколку е успешен обидот да се тргне од власт Башар Ал Асад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија