Советот на министри на ЕУ ќе расправа за Западниот Балкан

Од:

Состојбите во земјите од Западниот Балкан ќе биде една од темите на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

На седницата на Советот на министри ќе се обрати високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерина, која ќе ги информира министрите за резултатите и разговорите од нејзината минатонеделна турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Се очекува министрите да усвојат заклучоци, кои ќе бидат основа за подготовка на извештајот за Западен Балкан, што треба да биде донесен на Самитот на ЕУ што ќе се одржи в четврток и петок во Брисел.

Во соопштението на Советот на ЕУ во пресрет на министерскиот состанок се наведува дека „Западен Балкан има јасна европска перспектива, која е основа за стабилноста, помирувањето и иднината на регионот“.

– Се очекува министрите да го потврдат ангажманот и фокусот на ЕУ кога е во прашање регионот, вклучувјаќи го и одржувањето на политичките и економксите врски со него. Од тој аспект од клучно значење е развојот на регионалната соработка и добрососедските односи, се додава во соопштението.

Според извори во Брисел, се очекува во заклучоците од министерската средба да се нагласи неопходноста од продолжување на реформските процеси во регионот со цел да се обезбеди „непречено напредување на партнерите од Западен Балкна на еврропскиот пат“.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп