Црногорската полиција денеска го упаси советникот на премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, Александар Тичиќ, под обвинение за финансиски злоупотреби, јави Б92.
Покрај Тичиќ, за истото кривично дело се уапсени уште неколку лица, меѓу кои и братот на поранешниот претседател на државната заедница Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ, Драган Маровиќ, кому му е одреден притовор во траење од 48 часа.
Според подгоричкиот весник „Вијести“, меѓу уапсените се и актуелниот и поранешниот градоначалник на Будва, Лазар Раѓеновиќ и Рајко Куљача, како и внуката на Маровиќ, Милена Маровиќ-Богдановиќ.
Сите уапсени се осомничени дека при изградбата на трговски центар во Будвга и на платото на плажата Јаз, го оштетиле општинскиот буџет за над еден милион евра.