Состојбата на сите критични точки во реоните на Србија зафатени од поплавите е стабила, соопшти утрово началникот на Секторот за вонредни состојби при српското Министерство за внатрешни работи, Предраг Мариќ.
Тој нагласи дека нивото на водата во реката Сава е „во стагнација и благо опаѓање“, додавајќи дека неговиот Сектор ги кординира своите активности со колегите од Босна и Херцеговина и Хрватска.
Како што јави Танјуг, Мариќ информира дека во текот на минатата ноќ се покачило нивото на водата во поплавените подрачја во Обреновац и Забрежје, но дека очекува до крајот на денот да дојде до стагнација и опаѓање на водостојот во овие делови.