Сопствениците на јавни куќи во Грција незадоволни од новите здравствени протоколи

Од:

Сопствениците на бордели во Грција сметаат дека новите здравствени правила кои мораат да ги следат доколку сакаат да работат во услови на пандемија, ќе му наштетат на нивниот бизнис.

По тримесечна пауза, грчките бордели од неделава повторно може да работат, но под строги услови и здравствени протоколи за да се спречи ширењето на коронавирусот. Сите клиенти и вработени ќе мораат да носат маски, а максималното времетраење на услугите е 15 минути.

Менаџерите на јавните куќи ќе треба четири седмици во затворен коверт да ги чуваат податоците на клиентите, во случај некој од вработените биде позитивен на коронавирусот и да треба да се направи проверка на контактите. Токму овој пропис најмногу ќе му наштети на бизнисот, велат сопствениците.

„Кој е тој клиент што ќе ви ги даде личните податоци? Ви кажувам, луѓе ќе почнат да гладуваат“, изјави за Ројтерс Ана Курупу, транс-жена која ја предводи организацијата „Црвен чадор“.

„Правилата се смешни, да не употребам посилен збор,“ вели Рита, менаџерка на бордел во центарот на Атина.

Според здравствените протоколи од Националната организација за јавно здравје, како што објавија грчките медиуми, давателите на услуги треба пред секој клиент да ги мијат рацете или да користат антисептик, да избегнуваат непотребни контакти, како на пример ракување, услугата да не биде подолга од 15 минути, а не е дозволено давање услуга на повеќе клиенти истовремено.

Во протоколите, меѓу другото, се препорачува меѓу главите на двете лица да има растојание од најмалку една подлактница.

 

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина