Сообраќајка во Албанија – четворица загинати

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа што вчера доцна попладне се случи на патиот правец Елбасан –Либражд, во Албанија животот го загубиле четири, а повредени се неколку лица.

Во сообрќајката учествувале три возила, автомобил марка БМВ, комби возило кое превезувало патници и камион. На самото место починале сопружниците Фетах и Рифете Чела, 50 односно 49 год. како и 69 годишната Салуше Кулали и нејзината ќерка Насибе Шехи, 49 год.

Меѓу неколкуте повредени е и возачот на комби возилото Едуард Шкурти, 45 год.кој поради сериозните повреди префрлен е во Воената болница во Тирана.

Според полицијата причина за несреќата е неправилното претекнување на автомобилот, кој му го пресекол патот на комби возилото, кое обидувајќи се да избегне судар муго попречил патот на камионот кој удрил во него.

Во Албанија само во првото полугодие од годинава регистрирани се 1275 сообраќајки во кои животот го загубиле 187 а повредени се 1088 лица.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски