Солзавец за демонстрантите во Истанбул кои се кренаа против полициската акција врз грабнувачите на обвинителот

Од:

Истанбулската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растури демонстрантите, кои сноќа протестираа заради акцијата на безбедносните сили против грабнувачите на турскиот обвинител Мехмет Селим Кираз, соопшти електронското издание на турскиот весник „Радикал“.

Заложничката драма, почна вчера попладне во судот во Истанбул, а заврши доцна синоќа кога двајцата грабнувачи на обвинителот Кираз (членови на екстремно левичарската група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување – ДХКП-С) беа елиминирани во операцијата на специјалните сили. Малку подоцна и обвинителот Кираз почина од здобиените прострелни рани, уште пред и да пристигне до болница.

Кираз беше обвинител во  предметот за убиството на тинејџерот Беркин Елван, во протестите за паркот Гези во 2013 година.

По преземањето на операцијата на безбедносните сили, во истанбулските квартови Гази и Окмејдана доцна синоќа беа организирани протести. Демонстрантите фрлаа Молотови коктели и камења врз силите на редот.

Протест беше организиран и пред зградата за судска медицина во Истанбул, каде беа однесени телата на двајцата терористи Шафак Јајла и Бахтијар Догрујол, информира турската телевизија НТВ.

Полицијата приведе две жени, кои скандирале  „Луѓето кои ја сакаат правдата за Беркин, се бесмртни“. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ