Турција ќе регрутира 20.000 нови полицајци во наредниот период, а половина од нив ќе бидат распределени во единиците на специјалните сили, најави денеска министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Тој за државната телевизија „ТРТ“ изјави дека во 28 општини ќе бидат назначени нови администратори.
Турските власти соопштија дека ќе ги зајакнат полициските сили по неуспешниот обид за воен пуч во земјата на 15 јули.
Турските безбедносни претставници вчера најавија дека Владата ќе именува администратори наместо припадниците на прокурдската Демократска партија на народот (ДПН) поради нивната наводна поддршка на курдските сили.