Соѕидал живи мачки, соседите херои се дале во акција

Од:

Емил Бели спасил четири мачиња од сигурна смрт, пробивајќи го лимот кој мајсторите денес го поставиле на барање на претседателот на Собранието на станари на една зграда во Бањица, Србија, без оглед на тоа што внатре имало мали животни кои соседите ги негуваат и хранат.

– Претседателот на Собранието на станари Радомир Мракиќ го затвори отворот и остави четири мачиња внатре да угинат без вода и храна. Тука се омачи мачка која беше отруена, па презедовме грижа за мачињата, а отворот им остана единствен спас од кучињата кои овде ги има многу. Мракиќ знаеше дека внатре има мачиња, но зборуваше дека ќе им отвори излез од другата страна која одамна е забетонирана. Одлучив да го отворам лимот за да ги спасам мачињата – вели Бели, пренесе Блиц.

Бели од утрово два пати се обратил до Комуналната полиција која не излегла на терен. Потоа ја повикал редовната полиција, која дошла околу 14 часот, а потоа стигнала и обвинителката која рекла дека нема основа за покренување кривична пријава за мачење животни.

Мачињата сега се добро, имаат храна и вода, но се уплашени од денешните звуци на алатите на мајсторите.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда