Албанската Социјалистичка партија предводена од Еди Рама води во резултатите од парламентарните избори одржани вчера, по преброени 15 отсто од гласовите, соопштија изборните власти.
Според првични резултати од Централната изборна комисија, гласале 53 отсто од 3,3 милиони гласачи.
По завршувањето на изборниот ден, и Сали Бериша и Еди Рама прогласија победа на изборите. Конечните резултати од изборите, осми по ред по паѓањето на комунизмот, според локални медиуми нема да бидат објавени до утре.