Со пиштол се обидела да влезе во канцеларијата на Вучиќ, заканувајќи се дека ќе се самоубие

Од:

Љиљана М. (54) утрово се обидела да влезе во зградата на Владата на Србија во обид да стигне до заменикот премиер Александар Вучиќ, и доколку не и овозможат сакала да изврши самоубиство.

Љуљана рацете ги држела во својот капут и така стоела пред зградата на владата на Србија.

Припадниците на безбедносните сили дошле до неа и со детектор за метал пронашле пиштол, кој бил конфискуван.

Против неа ќе биде поднесена кривична пријава за нелегално носење оружје и обвинителството ќе одлучи дали ќе ја теретат за други прекршоци.

Пред три години на Љиљана М. и бил убиен синот, а очајната жена незадоволна од работата на властите сакала да дојде до Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Прва жртва од невремето во Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

Обезбедете храна и лекови – времето во Србија може да биде опасно

Српските граѓани добиваат СМС од полицијата: Бидете внимателни и следете ги упатствата на надлежните органи

Горан Наумовски

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек