Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Од:

Црногорската полиција денеска го уапси шеесет и петгодишниот Д.В., жител на Пљевља, бидејќи со нож нападнал и повредил невропсихијатар кој не сакал да му издаде потврда за носење оружје.

Како што изјави за црногорските медиуми директорот на Општата болница во Плевља, Саша Грбовиќ, лекарот Илхан Турсумовиќ се здобил со убодна рана во пределот на стомакот и расекотини на рацете и градниот кош.

Животот на Турсумовиќ не е во животна опасност и моментално му е укажана лекарска помош“, изјави Грбовиќ.

Инцидентот го потврди и црногорската полиција која преку соопштение наведува дека Д.В. најпрво физички, а потоа со употреба на ладно оружје, нож, нападнал лекар во Општата болница Пљевља и го повредил во пределот на градниот кош.

Според статистиката на црногорското Министерство за здравство од август, дури 11 отсто од црногорските медицински работници биле изложени на физички напади од почетокот на годинава. Исто така, истото истражување покажа дека дури 95 отсто од лекарите од итната помош доживеале вербален напад.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Двајца браќа од Арачиново обвинети за убиство на татко и син

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети