Со домати и камења врз полицијата во Приштина

Од:

Средбата Тачи-Дачиќ ги разлути  активистите на движењето „Самоопределување“. Во Приштина почнаа насилни протести.

Активистите на „Самоопределување“,  фрлаа врз полицајците со скапани домати и камења, а полицијата возврати со солзавец.

Коха Диторе јавува дека до судирите дошло откако демонстрантите се обиделе да влезат во зградата на косовското Собрание.

Агенцијата Бета јави дека на обете страни има повредени, но бројот засега не може да се утврди.

Протестот го предводи лидерот на Самоопределување Албин Курти и пратениците од ова движење во Собранието.

Приштинските медиуми јавија дека полицијата најпрво го привела, па потоа го ослободила Курти. Силни полициски сили го обезбедуваат Собранието и Владата на Косово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он