Од градоначалничкото место на Белград денеска, со тајно гласање на советниците, сменет е Драган Ѓилас. За иницијативата на Социјалистичката партија гласале 60 од присутните 106 советници. Претставниците на Демократската партија, чиј претседател е токму Ѓилас, не учествувале во гласањето.
,,Мојата смена е политички одговор кој само покажува дека Србија се движи кон еднопартиски систем и диктатура,, – изјави Ѓилас. Изборите за градоначалник на Белград најверојатно ќе се одржат на почетокот на идната година. На нив повторно, како што самиот изјави, ќе се кандидира доскорешниот и тазе сменетиот градоначалник Драган Ѓилас.