(ВИДЕО) Ситуацијата со пожарот кај Шибеник утрово е подобра

Од:

Утрово е подобра ситуацијата во Затон и Раслина, местата кои се најпогодени од пожарот во областа Шибеник, соопшти утринава хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, пренесува Хина.

„Утро во Затон и Раслина. Подобра ситуација, нема големи огнени фронтови и неконтролирано ширење кон Водице. Временските услови поповолни“, напиша Божиновиќ на Твитер.

– Ситуацијата во Раслина и Затон е под контрола. Од утрово тројца пожарникари го гаснат пожарот во западниот дел на областа Окит – изјави утринава командирот на противпожарната единица Славко Туцаковиќ за Н1 Загреб.

Во пожарот изгореа дваесетина куќи – 10 во Раслина и 10 во Затон. Затворени се неколку околни патишта. Според претходните информации, на целото подрачје има околу 300 пожарникари, а на подрачјето на Затон и Раслина има 25 возила, околу седумдесет пожарникари и 25 припадници на вооружените сили.

Во големиот пожар што избувна вчера меѓу Шибеник и Водице, уништени се дваесетина куќи, но нема повредени.

Најтешка е состојбата во Раслина и Затон, а голем број граѓани побегнале со чамци.

Премиерот Андреј Пленковиќ во обиколка на противпожарната станица заедно со министрите за одбрана и за внатрешни пожарникарски станици синоќа ја посетија противпожарната станица.

Според хрватските медиуми, вечерва не е наредена нова евакуација, а се проценува дека во пожарот се уништени 3.000 хектари.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Еден загинат, 11 повредени во пожар во станбена зграда во Сеул

Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија