Сите амбасадори на САД на Балканот остануваат до завршување на мандатот

Од:

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги смени амбасадорите кои ги именувала претходната администрација не се однесува ниту на еден американски дипломат на служба во Западен Балкан, бидејќи ниту еден од нив не е политички именуван, пишува порталот „European Western Balkans“.

Со други зборови, амбасадорите на САД од регионот нема да бидат вратени во земјата со декрет, туку ќе останат до истекот на мандатот, иако речиси на сите мандатот им завршува кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.

Имено, Трамп уште во декември, веднаш по изборот за претседател, ги повика сите амбасадори кои се политички именувани да ги напуштат своите функции најдоцна до 20 јануари, што предизвика збрка во дипломатската заедница и медиумите, кои проценија дека станува збор за голем број амбасадори.

Информацијата дека амбасадорите ќе мора да ги напуштат своите функции ја заинтересира и јавноста на Западен Балкан, бидејќи американските дипломати во тие земји во најшироката јавност се доживуваат како значајни политички актери на домашните сцени, пренесува Танјуг.

Факт е, меѓутоа, дека сите високи дипломати во земјите од регионот се дипломати од кариера, кои немаат врска со старата или новата администрација, а во земјите од регионот, освен амбасадорот во Србија, сите дошле на почетокот на 2015 година, посочува „European Western Balkans“.

Бидејќи мандатот им трае околу три години, може да се очекува дека новите амбасадори во земјите од Западен Балкан ќе дојдат кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот