Сириските бегалци-бродоломци го напуштија крузерот што ги спаси

Од:

Кипарската полиција тешко, но, сепак, успеа да ги убеди над 300-те сириски бегалци да го напуштат крузерот „Саламис Филоксенија“, со кој тие вчера беа спасени од рибарски брод што тонеше, јави ИТАР-ТАСС.

Крузерот со имигранти доцна синоќа пристигна во градот Лимасол. Сите 345 бегалци од кои 293 возрасни и 52 деца, вчера беа евакуирани на крузерот, што во попладневните часови пристигна до рибарскиот брод со кој тие патуваа.

Маршрутата на крузерот била променета по наредба на Обединетиот спасувачки координативен центар на Кипар, кој вчера наутро доби сигнал за помош од брод со имигранти, што се наоѓал на 100 километри јужно од кипарскиот град Пафос.

Според информации на кипарската телевизија „Сигма“, сите бегалци го напуштиле крузерот во седум часот утринава по локално време (шест часот по стедноевропско време) и веднаш биле испратени во камп за илегални имигранти во близина на Никозија.

Кипарските власти, меѓутоа, водиле повеќечасовни преговори со бегалците за да ги убедат да слезат од бродот.

Кипарското Министерство за одбрана соопшти дека итно била извршена операцијата за евакуирање на луѓето. Пред пристигнувањето на бродот во Лимасол бегалците соопштиле дека одбиваат да го напуштат линискиот превозник и инсистрираат да бидат испратени во Италија, кон каде всушност и патувале.

Имигрантите посочиле дека платиле по шест илјади евра за возрасен и по три илјади евра за дете за да стигнат до Италија. Капетанот на рибарскиот брод, меѓутоа, имигрантите ги оставил среде море.

Кипарските власти на бегалците им соопштиле дека доколку документите им соодветствуваат на неопходните критериуми, тие ќе бидат испратени во други европски земји.

Директорот на компанијата „Саламис круиз лајнс“ Кикис Василиу, сопственик на „Саламис Филоксенија“, изрази разочарување заради развојот на настаните. Според него, властите покажале нерешителност, што компанијата ја чинело многу пари. Тој додаде дека крузерот требало да го откаже за денеска закажаното патување на 300 туристи од Лимасол за Хаифа. Василиу забележа дека загубите за компанијата изнесуваат стотици илјади евра.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка