Синот на Жељко Митровиќ пуштен на слобода

Од:

Апелациониот суд во Белград денеска го прекина притворот на синот на сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ, Александар (20) и побара веднаш да биде пуштен на слобода, јавуваат српските медиуми.

Против Александар Митровиќ во Вишиот суд во Белград се води истрага поради сомнение дека во јули возејќи џип со несоодветна брзина, минал на црвено светло на семафор и при тоа ја усмрти седумнаесет годишната Андреа Бојаниќ.

По несреќата тој не и пружил помош на повредената туку избегал од местото, но по два часа сам се јавил во полиција.

Тој се терети за тешко дело против безбедноста во сообраќајот и за кривично дело, непружање на помош на лице повредено во сообраќајна несреќа.

Портпаролот на судот Мирјана Пиљиќ изјавила дека според наодите на Апелациониот суд, основано во жалбите на бранителот стои дека за притвор е неопходно постоење на посебни околности, меѓу останатите и тоа дека треба да се сослушаат и сведоците.

Самата околност дека врз очевидците на несреќата кои што треба да сведочат за она што непосредно го забележиле во критичниот момент, обвинетиот не може да влијае, поради што не постои законски основ обвинетиот да биде во притвор, стои во одлуката на Апелациониот суд.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ