Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

Од:

Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата падна и град.

Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник.

Невремето ја зафати и западна Србија, а пороен дожд ги поплави улиците на Пријепоље.

Во Краљево нешто по 17 часот имаше пороен дожд, силен ветер и град.

Град паѓаше во околината на Топола и во јужен Банат.

Дел српски медиуми јавија дека камион делумно пропаднал во асфалтот на автопатот близу Смедерево во текот на невремето. Од поројниот дожд е уништен дел од коловозот.

Во Белград имаше поројни врнежи и грмежи, па сообраќајот во некои делови од градот се одвиваше многу отежнато.

Претходно денеска РХМЗ издаде предупредување за врнежи од дожд и грмежи што се очекуваат на територијата на Србија во наредните четири дена.

Во централна Србија се уште врне силен дожд.

Би можело да ве интересира

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски