Силна експлозија во Атина

Од:

 Силна експлозија одекна во трговски центар близу Атина, при што полесно се повредени две лица од обезбедувањето.

Пет минути пред 10 часот непознати лица се јавиле во редакцијата на весникот „Елефтеротипија“ и во електронското издание на „Зунгла“ и соопштиле дека на паркингот на Mall Athens е поставена рачно направена експлозивна направа. На местото веднаш се упатиле полициски сили и направата ја пронашле зад штанд со весници. При експлозијата не избувнал пожар.

Електронското издание на весникот „Етнос“ соопштува дека направата експлодирала по евакуацијата на зградата, кога посетителите веќе го напуштиле трговскиот центар, а во него останале само припадниците на обезбедувањето.

Заменик-министерот за внатрешни работи Хараламбос Атанасиу остро го осуди нападот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он