Силен земјотрес во Хрватска ја помести историската камбанарија на Паг

Од:

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди поширокото подрачје на Задар, а според досегашните информации нема пријавени повредени или значителна материјална штета, извести Управата за цивилна заштита.

Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска го регистрираа земјотресот во 18 часот и 43 минути, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица.

Интензитетот на земјотресот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата, а земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Далмација, Лика, па дури и во делови од Босна и Херцеговина.

Според информациите на директорот на Националниот парк Пакленица, епицентарот на земјотресот бил високо над планинарскиот дом Пакленица, на надморска височина од 1.600 метри.

Камбанаријата на Паг се помести поради земјотресот. Поради опасност од паѓање на делови од камбанаријата, просторот е ограден. Утрово се очекува детален увид на камбанаријата, како и дополнителни безбедносни мерки. Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на Паг еден ден претходно.

Би можело да ве интересира

Несреќа на Паг: Еден маж загина при искачување на карпа, спасувачите се мачат да стигнат до вториот алпинист

Горан Наумовски

ВИДЕО: Земјотрес во Хрватска, се тресеше и Загреб

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 3,8 степени во близина на Сплит

ЕМСЦ: Земјотрес кај Загреб со јачина од 3,7 степени

А1он

Земјотрес ја погоди Хрватска, жителите во паника: Силен шок, се тресеше цела куќа

А1он