Силен ветер искорна 500 години стар даб кај Ниш

Од:

Силниот ветер што изминатата ноќ предизвика сериозни штети во делови на Србија, го искорна и популарниот „Павловиќев даб“ во селото Горна Трнава во близината на Ниш.

Како што јави Танјуг, дрвото, кое е старо повеќе од 500 години, беше ставено под заштита на државата.

Работна група од претставниците на локалната самоуправа и Институтот за заштита на животната средина го посетија местото на откорнатиот даб со цел да ги проценат штетите.

Невремето кое минатата ноќ го зафати регионот на централна Србија предизвикало и големи штети на земјоделските насади, како и на повеќе куќи.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда