Силен ветер и снег во Турција

Од:

Поморскиот сообраќај во реонот на Истанбул од утрово е во прекин, поради невремето проследено со силен ветер со брзина и до 60 километри на час, што го зафати подрачјето на Мраморното Море.

Како што објави весникот „Милиет“, поради обилните снежни врнежи прекината е наставата во училиштата во неколку села во окрузите Гиресун, Карабик и Орду во северна Турција.

Според весникот, во многи реони во тој дел на Турција е формирана дебела снежна покривка, која во зимскиот туристички центар Улудаг во реонот на Бурса, на места достигна и до три метри.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ