Противпожарните единици го ставија под контрола големиот шумски пожар во јужната турска провинција Мерсин, пренесе ДПА повикувајќи се на турската државна новинска агенција Анадолија.
Осум лица, меѓу кои и едно тешко повредено, се во болница, објави министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер.
Пожарот гори од вчера а зафати и станбени области и принуди вкупно 1.025 луѓе да се евакуираат.
Причината за пожарот се уште не е позната.
Во гаснењето на пожарот што избувна во областа Гулнар учествуваа 29 хеликоптери и 11 авиони. Според локалните власти, електричната енергија била прекината во некои области како превентивна мерка за заштита на пожарникарите за време на операцијата.
Шумскиот пожар избувна вчера во областа Гулнар, во градот Мерсин, југоисточна Турција, каде што се гради нуклеарната централа Акују.
Извор: МИА