Шугата по Црна Гора, се шири и во БиХ

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]По регистрираната заразна болест во Бар и Бјело поље, шугата е забележана на територијата на Босна.

Во јануари во Мостар се регистрирани 49 лица заразени со шуга, а во последниов месец и во Тузланскиот кантон се забележани 19 заболени.

Според епидемиолгот, Блашка Топаловиќ се уште е рано да се зборува за епидемиски размери на оваа болест, со оглед на тоа што Тузланскиот кантон опфаќа 13 општини.

-Болеста најчесто се регистрира кај возрасната група од 15 до 24 години и во предучилишната возраст, што значи кај деца до шест години – изјави Топаловиќ.

Шефот на службата за епидемиологија на Заводот за јавно здравство, Един Алајбеговиќ истакна дека нема потреба од паника поради појавата на болеста.

-Никој не сокрива дека постојат одреден број пациенти заболени од шуга. Тоа трае веќе неколку години. Не станува збор за значајни цифри, но од вкупниот број на заболените од кожната болест половината се од Херцеговачко-неретванскиот кантон-изјави Алајбеговиќ.

Би можело да ве интересира

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“